ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На учениците од Идризово, Гази Баба им нуди онлајн-настава

Ако скопската општина Гази Баба не преземала ништо за отворање на албанска паралелка за 13-тте ученици од Идризово, Инспекторатот најавува казни за надлежните институции. Во меѓувреме, револтираните родители велат дека општината намерно не сака да го реши овој проблем и покрај тоа што има доволно простор во училиштето, како што потврди и Просветниот инспекторат. По денешната средба во Општината, на родителите им било понудено децата да посетуваат онлајн-настава.

Advertisements

„Не се согласуваме со она што ни го кажа Бобан од општина Гази Баба, кој ни рече децата да учат преку интернет. Сакаме да одат на училиште, исто како и сите други деца. Децата се дома, сакаат да учат, но не можат. Децата се собираат по куќи и учат таму…“

„Ми се чини дека ништо нема да постигне Бобан. Ние бараме училиште да изградат, тие нè лажеа со години и сега ни предлагаат онлајн настава. Му реков на градоначалникот дека како што македонските родители сакаат да ги пратат на училиште децата, така и ние сакаме, не бараме ништо друго, нека одат да учат. Ако не им пречи да учат албански до петто, зошто им пречи до деветто?“, рекоа родителите.

Советот на родители инсистира Министерството за образование да ѝ ги одземе надлежностите на општина Гази Баба, во спротивно тие ќе бидат принудени да влезат во училиштето.

„Градоначалникот ни даде предлог за онлајн настава, не ја прифативме. Тој тогаш рече, тоа го сфативме како закана, рече, денот кога учениците ќе направат 60 дена како не се на училиште, ако учениците протестираат 60 дена, ќе бидете казнети. Ние, од министерот за образование, бараме или да му ги одземеме надлежностите или ќе бидеме принудени да влеземе во училиштето затоа што нашите деца навистина губат настава. Ние немаме услови за учење, децата доаѓаат кај мене да учат три пати неделно“, додаваат родителите.

Од Општина Гази Баба не дадоа детали од денешната средба, но рекоа дека работат на долгорочно решение, односно изградба на ново училиште во Идризово. 13 ученици Албанци сè уште не почнале со настава во новата учебна година бидејќи во основното училиште „Његош“ не се изведува настава на албански јазик од шесто до деветто одделение.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button