МАКЕДОНИЈА
На универзитетите симболично одбележување на почетокот на новата академска година

Со свеченост и врачување на индексите на најдобрите единаесет студенти на медицинскиот факултет, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна првиот академски час.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на студентите им порача да го дадат најдоброто од себе а по завршувањето на студиите да останат во Македонија.
Студентите ги поздрави и новиот ректор на УКИМ, Билјана Ангелова.