
Утре во Словенија ќе се одржат деветтите парламентарни избори од независноста на Словенија.
Според аналитичарите, најсериозен конкурент на актуелниот премиер Јанез Јанша е Роберт Голоб, кој ја предводи новата, левичарска политичка опција, Движење за слобода.
Право на глас имаат 1,7 милиони гласачи, кои ќе изберат 90 пратеници во Националното собрание. На кандидатските листи има околу 1.500 кандидати од 21 партија и коалиција. (Р.Н.)