На владина седница денеска се очекува да помине договорот за парите од унгарскиот заем наменети за компаниите

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат целата процедура да заврши до крајот на месецов. Откако ќе помине договорот на Влада, ќе треба да се потпише договор со банките и со тоа практично парите стануваат оперативни за бизнис секторот.
Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 проценти, грејс период од три години и 12 години рок на отплата.
Парите првично требаше да бидат оперативни до крајот на минатата година, но процесот се одоговлечи, а причината за тоа, според надлежните, е проширувањето на опфатот на компании кои може да аплицираат за добивање на средства од унгарскиот заем. Практично, сега освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради.