
Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена утрово за време на работа на станицата Гар ду Норд во Париз.
Сообраќајот околу станицата е целосно запрен. Суспензијата на сообраќајот се однесува на локалните линии на метрото и меѓуградските и меѓународните возови и ќе трае додека не се отстрани бомбата, соопшти железничката компанија ТЕР.
Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.