ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наближува јунскиот Совет на ЕУ, неизвесно дали земјава може да ги почне преговорите

Премиерот Зоран Заев е уверен дека Европа го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор и оти Северна Македонија, која чека 16 години, има над дваесетина вета, а е на врвот со извршување на реформите, треба да ги почне преговорите и треба да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, тој нагласува дека очекувањата не треба да се преголеми, за земјата да не доживее разочарување, со оглед на блокадата од бугарска страна. ЕУ земјите сметаат дека проширувањето на Унијата не смее да запре.

Advertisements

Северна Македонија, вели германската амбасадорка Анке Холштајн, одамна ги исполнила потребните услови. Вметнувањето нови услови за процесот на проширување, нагласува таа, е лош сигнал за сите и остава можност за нови билатерални прашања кои ќе го кочат процесот на проширување. Сепак, таа потсетува дека одлуката за проширување треба да биде донесена едногласно од сите земји членки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button