ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Началникот на струшката полиција, прободен со нож
Началникот на струшката полиција, прободен со нож

Полицијата го уапси 44 годишниот С.Н од струшкото село Велешта кој претходно го нападнал началникот на полицијата во Струга. Инцидентот се случил околу 17 и 30 часот, кога сега уапсеното лице на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал 46 годишниот А.Д. од Струга.
Началникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.
Од Општата болница Струга за медиумите изјавија дека началникот е надвор од животна опасност.