ВЕСТИСВЕТ

Над 1.700 загинати и 300 исчезнати – биланс по земјотресот во Мјанмар

Властите во Мјанмар досега потврдија 1.700 загинати, но спасувачките операции сè уште се во тек, тимовите и натаму извлегуваат тела од под урнатините. Над 3.400 луѓе повредени, над 300 се водат за исчезнати, а причинета е огромна материјална штета.

Advertisements

Покрај штетите од земјотресот, напорите на спасувачките тимови се комплицирани и од крвавата граѓанска војна што го зафати поголемиот дел од Мјанмар, вклучително и во областите погодени од земјотресот. Владините сили во 2021 година ја загубија контролата врз поголемиот дел од земјата, а многу места се опасни или невозможни за пристап на хуманитарните групи. Според Обединетите нации, повеќе од 3 милиони луѓе се раселени поради борбите, а речиси 20 милиони имаат потреба од помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button