ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 140 закони заглавени две години во собраниските процедури

Над 140 закони заглавени две години во собраниските процедури

Над 140 закони и други акти се заглавени во собраниските процедури поради нивно неразгледување од матичните тела или не се изгалсани во второ читање на пленарните седници.

Advertisements

Во изминатите две години, околу 80 точки чекаат да бидат разгледани на работните тела, а 60 се заглавени во Собранието.
Комисијата за политички систем останува работното тело со најголем број точки кои се замрзнати од септември 2020 година до јули 2022 година.

Меѓу закочените закони се Изборниот законик, Законот за пратеници, Законот за уставни судии, законите за платите на судиите и членовите на Судскиот совет како и на обвинителите и членовите на Советот на јавни обвинители. За работата на претседателката на оваа комисија, Соња Мираковска, опозицијата поднесе интерпелација која е ставена на дневен ред, но не е разгледана.

Изборен законик
Закон за пратеници
Закон за уставни судии, – Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во Комисијата за финансирање и буџет заглавени се 22 предложени закони. Работното тело нема одлучено за Законот за коцкање, Законот за финансиска полиција, Законот за јавни набавки, Законот за задолжување од Европска Банка и два годишни извештаи.

Закон за коцкање
Закон за финансиска полиција
Закон за јавни набавки
Закон за задолжување, – Комисија за финансии и буџет.

Работно тело Неразгледани точки или Работно тело Неразгледани точки или

Комисија за финансирање и буџет 22 точки
Комисија за транспорт, врски и екологија 19 точки
Комисија за здравство 16 точки
Комисија за работа и социјална политика 11 точки
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство 10 точки
Комисија за европски прашања 9 точки
Комитет за образование, наука и спорт 8 точки
Комисија за надворешна политика 7 точки
Комисија за одбрана и безбедност 2 точки
Комисија за економски прашања 1 точки,- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците 36 точки.

Во Комисијата за транспорт, врски и екологија не се разгледани 9 извештаи и 6 предлог- закони. Меѓу трите најважни закони кои заглавиле во прво читање се Законот за бесправно изградени објекти, Законот за животна средина и Законот за градежно земјиште.

Законот за бесправно изградени објекти
Закон за животна средина
Закон за градежно земјиште, – Комисија за транспорт, врски и екологија.

Слична е ситуцаијата и во комисијата за здравство. Меѓу 16-те заглавени точки се Законот за безбедност при снабдување со крв, Законот за заштита на граѓаните од заразни болести, Законот за прекин на бременост, Законот за ментално здравје, итн.

Од билансот што го направија собраниските служби, произлегува дека од 2020 година досега се свикани 83 седници, од кои 54 завршиле, а останатите 29 останале отворени.

Вкупен број на сесии: 83
Завршени сесии: 54
Незавршени сесии: 29, – Извештај за работата на Собранието.

Еден од двата најзначајни закони кои се заглавени во собраниска процедура, а за кои е потребен консензус од 2/3 од гласовите е предлог- законот за следење на комуникациите кој како материјал беше поднесен на почетокот на овој мандат, но власта и опозицијата не најдоа заеднички јазик.

Надминување на длабоките разлики меѓу фракциите во законодавниот дом и надминувањето на сите можни злоупотреби на собраниските процедури, се очекува да се постигне во рамките на дијалогот Жан Моне, за кој првиот човек на Собранието.

Од 1 август Собранието оди на колективен одмор, додека нова пленарна седница не се очекува пред 13 септември. Во текот на август ќе може да се свика Комисијата за избор и именувања која ќе го процесира изборот на уставни судии./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button