ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 20.000 книги недостигаат за основците и средношколците во Тетово

Над 20.000 книги недостигаат за основците и средношколците во Тетово

И покрај ветувањата на министерката за образование за книги, на основните и средните училишта во Тетово и годинава им недостигаат над 20 илјади книги. Од Одделението за јавни дејности при општина Тетово велат дека ги документираат сите текстови и истите ќе ги достават до Министерството.

Advertisements

„За разлика од претходните години, реков дека од четириесет илјади книги што ни недостасуваа сега имаме недостиг од 20.000 книги, но од министерството ни беше ветено дека овие книги ќе стигнат и до училиштата во општина Тетово. Знаете дека и тие имаат свои причини затоа што тендерот го правел поранешниот министер за образование, а сега само го спроведуваат договорот што го потпишале со фирмата што го добила тендерот. Сепак, веруваме дека за краток период ќе се донесат книги за основните училишта. Подготвуваме и официјален допис со бројот на ученици, паралелки и училишта со цел книгите што недостасуваат да ги достави Министерството. И средните училишта имаат недостиг на книги, особено стручни предмети кои не постојат ни како книги, но веруваме дека новото раководство ќе го сфати ова посериозно“, рече Назми Даути, сектор за јавна дејност.

Во средните училишта има и оштетени книги, кои се постари од пет години.

„Имаме уште еден проблем годинава со непропорционалноста на генерациите, поточно бројот на ученици што ги имаме повеќе од претходната генерација, ќе ни требаат повеќе книги. Вкупниот број на ученици во гимназијата е 1225, годинава регистриравме повеќе од лани, односно 326 ученици, додека процентот на оштетени книги верувајте надминува 40 отсто бидејќи се постари од пет години, значи рок на траење“, рече Јетон Камбери, директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово.

Секторот за образование на општина Тетово одлучи од оваа година сите книги што ќе бидат оштетени да ги наплаќаат од родителите./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button