Над 200 ученици од Житоше во Долнен не ја почнаа учебната година, нивното училиште почна да се реновира во јануари, се уште не е готово
Над 200 ученици од Житоше во Долнен не ја почнаа учебната година, нивното училиште почна да се реновира во јануари, се уште не е готово

Над 200 ученици од село Житоше во општина Долнени се уште не ја започнале новата учебна 2024/25 година бидејќи во училиштето каде што треба да следат настава продолжува реконструкцијата на училиштето која започна на 24 јануари годинава и се уште не е завршена и покрај тоа што рокот беше некаде кон средината на јуни. Децата остануваат дома на неопределено време додека управата на училиштето не добие одговор од Министерството за образование како понатаму, да продолжат да учат „онлајн“ или да ги префрлат децата во селската гимназија.
Директорот на ОУ „Лирија“, Бесник Јусуфовски за Алсат изјави дека континуирано го известува Министерството за образование дека почетокот на наставата во ова училиште е спречено поради градежните работи. Тој дури потсетува дека на писмените известувања упатени до Секторот за образование била испратена и видео синмка за да се докаже состојбата во училиштето. Според Јусуфовски, привременото решение е да се префрлат учениците во селската гимназија каде наставата би се одржувала во три смени.
Набљудувачот на работите Христијан Забрчанец рече дека градежните работи се пролонгирани поради реализација на работите паралелно со наставниот процес.
Учениците сепак ги добија учебниците.
„Книгите ги добивме предвреме, но уште не сме тргнале на училиште. Учиме математика, албански јазик, биологија и други. Што сте направиле деновиве, како го поминавте денот откако се уште не сте на училиште? Излеговме во село, беревме тутун. Дали ги купивте тетратките, дали сте подготвени за на училиште? Имам чанта дома, само треба да одиме на училиште“, рече еден ученик.
„Веројатно шесто одделение ќе биде потешко но ќе се обидам да учам многу. Кои книги ги добивте? Математика, наука и албански јазик. Дали сакате да започнете да учите што е можно поскоро? Да. Можеби ќе почнеме во гимназија за да не губиме време“, додаде друг ученик.
Основното училиште „Лирија“ е изградено во 1965 година. Според раководителите на училиштето, 60 години во ова училиште не е вложено ниту денар. Реконструкцијата на училиштето се врши со инвестиција на Министерството за образование./Алсат.мк
Мелихате Рустеми