СВЕТ

Над 30 лица се загинати во нападите меѓу Индија и Пакистан

Шефот на пакистанската армија изјави дека 26 цивили загинале во нападите на Индија што во текот на ноќта се случија на девет цели во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир, пренесува „гардијан“. Во нападите биле повредени 46 лица.

Advertisements

Портпаролот на војската во Пакистан, Ахмед Шариф Чаудри вели дека 13 лица се загинати во Ахмедпур, во округот Бахавалпур, односно две тригодишни девојчиња, седум жени и четири мажи. Тој додаде дека 37 меѓу кои девет жени и 28 мажи, се повредени во нападот на Ахмедпур.

Чадри рече дека уште 13 лица се загинати во Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

Претходно, првичните информации што ги објави портпаролот на пакистанската војска беа оти најмалку три лица се загинати, а 12 се повредени во индиските ракетни напади на територија контролирана од Пакистан.

Шефот на пакистанската армија изјави дека земјата ќе одговори на нападите на Индија во „време, место, средства по наш сопствен избор“.

Индиската полиција и медицински лица, пак, соопштија дека најмалку седум цивили се загинати, а 30 други се ранети од пакистанско пукање и гранатирање на повеќе места на границата што го дели спорниот Кашмир меѓу двете земји.

Сите жртви, како што пишува британскиот медиум, се случиле во округот Пунч, кој се наоѓа близу до високо милитаризираната граница. Официјалните лица изјавија дека неколку домови во гранатирањето биле оштетени.

Откако синоќа индиската армија објави дека нападнала девет цели во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир, пакистанската војска ги потврди нападите, наведувајќи дека се погодени три локации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button