Над 70% од избирачките места недостапни за лицата со попреченост

Имаат право на глас како и сите други граѓани. Но, во повеќето случаи не и можност да го искористат. Лицата со попреченост немаат пристап до избирачките места. Овој проблем не се решава со години и поради тоа многумина од нив не ни одат да гласаат.
Во повеќето случаи избирачките места немаат пристапна рампа за количките, а некои се на втор кат без лифт. Биометриските уреди уште повеќе ќе го отежнат гласањето на некои од нив.
Од Државната изборна комисија велат дека тие не се одговорни за да обезбедат физички услови на избирачките места, бидејќи тоа било надлежност на општините. Според ДИК, избирачките места на денот на изборите ќе имаат 140 монтажни рампи и 4 електро-моторни транспортери. На локалните избори седум лица со попреченост ќе се кандидираат за општински советници, од кои двајца се носители на листи.
Аднан Ќаили