

Алсат
07.09.2020 15:34
Индија забележа над 90.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заболени се искачи на над 4,2 милиони. Со оваа бројка, Индија го надмина Бразил по бројот на заболени и стана втората најпогодена земја од коронавирусот, по САД. Во однос на починати, Индија е трета, по САД и Бразил, со над 71 000 починати од вирусот. Зголемувањето на бројот на заразени се случува во време кога владата одлучи да укине дел од репресивните мерки во обид да ја зајакне економијата. Економијата во Индија регистрира пад од 24 проценти во вториот квартал годинава .На глобално ниво, коронавирусот погоди над 27 милиони луѓе. Од нив, над 18 милиони се излечиле, а над 419.000 починале.