СПОРТ

Надал, после една година се враќа на Австралиjа Опен

Рафаел Надал, после една година пауза од тениските настапи,  ќе се врати токму онаму каде што играше на почетокот од оваа сезона. Поради повреда, тој паузира од јануари годинава кога испадна во второто коло на Австралија Опен, а токму на овој Гренд слем ќе го има својот кам-бек. Тоа го откри директорот на Гренд слемот во Мелбурн, Крег Тајли во интервју за австралиската телевизиија.

Advertisements

„Не очекува враќање на некои великани и шампиони кои беа отсутни подолго време. Овде можеме ексклузивно да откриеме дека ќе се врати Надал кој беше отсутен цела година, а во разговор со него претходните денови, добив потврда дека пак ќе игра поради што сме навистина возбудени. Знаеме дека и Кирјос тренира така што го очекуваме и него“, изјави Тајли.

Надал веќе објави дека во 2024 година ќе ја заврши кариерата, а се чини дека негова последна желба се настапите на „Ролан Гарос“ и Олимписките игри токму во Париз. Шпанецот има две титули на Австралија Опен, освоени во 2009 и 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button