МАКЕДОНИЈА

Надежите за изградба на ветеното училиште во Идризово за годинава спласнаа

Изградбата на ветеното училиште во Идризово нема да започне оваа година. Доколку заврши соодветната документација, изградбата на училиштето може да започне во текот на 2021 година. Министерката за образование, Мила Царовска вели дека ова училиште може да започне со изградба откако ќе се обезбедат градежните дозволи и соодветниот проект.

Advertisements

Најавата на Царовска го загрижи совет на родители на село Идризово. Тие пак бараат градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, да остане на договорот постигнат со родителите минатата година. Меѓу другото, во член 5 од договорот се вели дека доколку новото училиште не биде изградено до септември 2020 година, учениците од седмо одделение ќе се вратат во училиштето „Његош“ во Јурумлери и ќе продолжат да следат настава на албански. Истото ќе важи за идните генерации, сè до изградбата на новото училиште.

Сè од тоа е потврдено или реализирано преку договор кој иако е заверен со печат на општината, потпишан од градоначалникот и тоа во општинската канцеларија, за жал гледаме дека законот не функционира или договорот не се почитува. Ова не е договор меѓу компании, тоа е договор на институција, тоа е договор на општина на држава што, за жал, тие не ја почитуваат“-рече Бајрам Бејта, совет на родители Идризово.

Минатата година, Општина Гази Баба, откако го одби барањето за отворање на паралелки на албански од шесто до деветто одделение во ОУ „Његош“ во населбата Јурумлери, донесе одлука за изградба на ново училиште во Идризово каде што сите деца од селото би учеле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button