ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Надминат проблемот со недостиг на гинеколози во Шуто Оризари

Гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари шести месец по ред прима пациенти..Проблемот со недостиг на гинеколози во оваа општина е надминат.

Гинекологот Ламбе Крстески останува на ставот дека до пензионирање ќе им служи на жителите на оваа општина.

Но, оваа гинеколошка ординација се соочува со мал број пациенти, само околу 1000 од вкупно 8000 жени во оваа општина вршат контроли .

Дел од граѓаните на Шуто Оризари велат дека е позитивно што има подобрување на условите за жителите на Шуто Оризари, но дел од оние што ги анкетиравме не ги користат услугите од оваа ординација.

Гинекологот Керстески ги повикува жените да отворат картон и да го остварат правото на матичен гинеколог. Тој најавува дека имаат договор со фондот за здравствено осигурување и контролите се бесплатни.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button