МАКЕДОНИЈА

Надомест на штета – Агенција Граве со повик до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје ги повикува да поднесат барања за надомест на штета сите оштетени од несреќата која се случи во Р.Бугарија, на 28.11.2021, на автопатот Струма, место викано “Боснек“ каде се опожари автобус на БЕСА Транс БТБ ДООЕЛ Скопје и животот го загубија 45 лица а 7 патници се повредени.

Advertisements

Во повикот се додава:

Ве молиме за секоја информација која ќе ви биде потребна да се јавите во ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ АД Скопје, Ул.Пиринска 23 бр.1-1/5 Скопје, тел.023215515, е-маил: [email protected], [email protected].

Сообраќајната несреќа е од големи размери и трагедија со која сите ние сочуствуваме и за која искрено жалиме

ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ АД Скопје донесе одлука да се пристапи кон обештетување на оштетените согласно позитивните законски прописи .

Токму поради ова упатуваме ЈАВЕН ПОВИК до сите оштетени да поднесат барање за надомест на штета, со УКАЖУВАЊЕ, оштетените да пријават оштетни побарувања најдоцна во наредните 20 дена, како ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ АД Скопје би можел средствата од полисата, кои се предвидени согласно со закон рамномерно да ги распредели на сите оштетени.

Апелираме и ги повикуваме на соработка сите засегнати,, оштетени, полномошници на оштетени, институции, со цел во оваа трагедија сите оштетени да бидат обештетени справедливо и сразмерно на претрпената штета.

Стручните служби при ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ АД Скопје професионално и согласно законски и подзаконски акти ги утврдуваат висините на штетите за секој поединечно и засебно и транспарентно, и истите ќе бидат достапни како информација откако ќе се утврдат сите побарувања.

ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ АД Скопје , имајќи во предвид дека измина подолг период до донесување на основниот акт кој ја идентификува оваа незгода, донесе одлука,да се исплатат за секој починат по 4.500 Евра авансно на член од неговото најблиско семејство.

Поради тоа, упатуваме јавен повик на членовите на најблиското семејство за секој настрадан, да поднесат барања кои се достапни на веб страната grawe.mk и во седиштето на друштвото на Ул. Пиринска 23,1-1/5, Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button