ВЕСТИСВЕТ

Нагасаки ја одбележа 76 -годишнината од нуклеарниот напад со едноминутно молчење

Нагасаки се сеќава на жртвите од американската атомска бомба фрлена врз тој јапонски град пред 76 години.

Advertisements

Во 11:02 часот се одржа минута молчење за да се одбележи точниот момент кога на 9 август 1945 година беше извршен нуклеарниот напад. Само во Нагасаки, 70.000 луѓе беа убиени веднаш, а други 75.000 беа повредени.

Три дена претходно, САД веќе фрлија бомба врз Хирошима. Јапонија конечно се предаде на 15 август 1945 година.

Градоначалникот на Хирошима побара да се одржи минута молчење на Олимписките игри во Токио, но Меѓународниот олимписки комитет го одби барањето.

По тој повод, градоначалникот Томихис Тауе укажа на зголемената закана од нова трка во нуклеарното оружје.

Јапонија, единствената земја која досега беше жртва на атомски бомби, мора да стори повеќе за да обезбеди свет без такво оружје, рече Тауе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button