СПОРТФУДБАЛ

Наградниот фонд на ЕУРО 2024, познато колку ќе добие победникот

Наградниот фонд за Европското Првенство во Германија кое ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули остана непроменет во однос на претходниот континентален турнир. УЕФА ќе подели вкупно 331 милиони евра.

Репрезентациите кои се пласираа веќе си обезбедија заработка од 9.25 милиони евра. Секоја победа во групната фаза вреди еден милион, додека за реми се доделува пола милион. УЕФА пласманот во осминафиналето го наградува со дополнителен 1.5 милион, за четвртфиналето следи награда од 2.5 милиони, додека за полуфиналето четири милиони евра.

Екипата која ќе го загуби финалето ќе добие пет милиони евра, а победникот три повеќе. Така се доаѓа до сума од 28.25 милиони евра која може максимално да ја заработи една репрезентација со три победи во групата и освојување на првенството.

Титулата на Европското првенство ќе ја брани Италија која ја чека тешка група со Хрватска, Шпанија и Албанија. Првенството ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска во петок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button