СПОРТФУДБАЛ

Наградниот фонд во ЛШ зголемен за 500 млн евра

Лигата на Шампионите го менува форматот од следната сезона, а тоа доведе до зголемување на наградниот фонд кој од две милијарди евра се зголеми на 2,5 милијарди. За пласман во елитното европско натпреварување клубовите наместо досегашните 15,64 милиони ќе инкасираат 18,62 милиони евра.

Advertisements

Секоја победа ќе донесе 2,1 милиони евра на сметката на учесникот, додека за нерешниот резултат ќе носи 700.000 евра.

За потсетување, следната сезона во Лигата на шампионите наместо досегашните 32 ќе играат 36 клубови. Нема повеќе групна фаза туку се игра една лига. Во новиот формат, секоја екипа ќе игра осум наместо шест натпревари и ќе собира бодови за пласман во следната фаза. Веќе нема да играат против истите противници дома и на гости.

Првите осум од табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето. Екипите пласирани од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман меѓу најдобрите 16 (еден натпревар дома и еден на гости).

На ждрепката за плеј-офот екипите ќе бидат поделени во две групи, носители (од 9. до 16. место во лигата) и неносители (од 17. до 24. место). Потоа, победниците ќе играат против еден од осумте најдобро пласирани од првото коло.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button