СВЕТ

Најавена средба на Фон дер Лајен со специјалниот пратеник на САД, Келог

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре во Брисел ќе се сретне со специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, информира денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Стефан де Керсмакер.

Advertisements

Средбата првично беше предвидена за денеска (17 февруари), но таа е презакажана за утре, поради, како што нагласи Де Керсмакер, други ангажмани.

Запрашан дали евентуално е договорена средба на Фон дер Лајен со американскиот претседател Доналд Трамп, Де Керсмакер изјави дека засега нема нови елементи околу ова прашање.

„Знаете дека во тек се контакти на техничко ниво и на политичко нив од двете страни на Атлантикот и тие продолжуваат“, изјави Де Керсмакер.

Инаку, попладнево Фон дер Лајен ќе учествува на неформалната средба во Париз на неколку европски лидери посветена на Украина и безбедноста на Европа, чиј домаќин е францускиот претседател Емануел Макрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button