ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најавени големи реформи во образованието

Новата министерка за образование Весна Јаневска најави низа реформи во образованието. Како што рече Јаневска, во новата учебна година некои од веќе интегрираните предмети ќе станат посебни. Најави и воведување на нов електронски дневник, градинките под одговорност на Министерството за образование, промени во концепцијата на поранешната министерка Мила Царовска.

Advertisements

Министерката Јаневска најави и подолга целодневна настава и настава во смени во училиштата кои ги исполнуваат условите.

Од денес Министерството за образование и наука има нов информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник што ќе ги надмине предизвиците со кои се соочуваа корисниците во изминатиот период. Изработката е финансирана со средства од ИПА фондовите на Европската унија.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button