ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најаверојатно долг е причината за хаосот во приватниот автобуски превоз во Скопје

Најаверојатно долг е причината за хаосот во приватниот автобуски превоз во Скопје

Причината поради која не сообраќа приватниот автобуски превоз во Скопје е немањето гориво, велат возачите на автобуси на Алсат кои јавно не зборуваат поради страв од раскинување на договорите.
Според нив, веќе шест месеци ЈСП не ги исплатило обврските кон возачите на приватни линии.

Advertisements

Кемал Муриќ, поранешен вработен во „Слобода превоз“, вели дека неговите колеги се задолжени на бензинските пумпи и се под постојана закана да не зборуваат за должничкиот проблем што ЈСП го има кон приватните возачи.

На прашањето зошто толку долго не се исплатени долговите кон приватните возачи, од град Скопје велат дека одговорот на ова треба да го побараат од ЈСП, кое пак е во надлежност на градот Скопје.

„Градот Скопје нема финансиска обврска кон возачите. За информации за јавниот превоз, обратете се во ЈСП- Скопје“, велат од Град Скопје.

Одговор побаравме и од ЈСП, но и од таму не добивме одговор за тоа колкав е долгот насобран веќе шест месеци кон приватните возачи и дали токму тоа е причината за хаос со автобуските линии на приватните превозници.

Според нашите информации, од јануари долгот што ЈСП го има кон приватните возачи е 2 милиони евра. Ова предизвика приватните возачи да го редуцираат сообраќајот и до 40%./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button