ВЕСТИСВЕТ

Најдолгиот тунел во светот ќе биде затворен неколку месеци, 16 вагони излетаа од шините

Тунелот „Алптранзит Готард“ во Швајцарија, најдолгиот во светот, ќе биде затворен неколку месеци, соопштија официјални претставници, откако минатата недела 16 швајцарски товарни вагони излетаа од шините и уништија осум километри пруга.

Advertisements

Патниците кои го користат возот за да патуваат меѓу северниот дел на Швајцарија и нејзиниот најјужен дел ќе мора да бараат алтернативен превоз, пишува лондонски Гардијан.

Шеснаесет вагони кои излетаа од шините во тунелот „Алптранзит Готард“ долг 57 километри се уште се заглавени во тунелот, нема повредени, но причинета е голема штета, соопшти Швајцарската железница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button