ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најголем број граѓани Новата година ќе ја поминат во земјава

Дочекот на Новата година најголем дел од граѓаните ќе ја поминат во земјава. Мал е бројот на граѓани кои што решиле да заминат на некоја дестинација велат од туристичките агенции. Во најголем дел ова се должи поради протоколите за влез во земјите во кои се бара и вакцинација но и ПЦР негативен тест. Тирана, Белград и Истанбул се најбараните дестинации од страна на македонските граѓани.

Advertisements

„Многу е мал бројот на граѓани кои што се одлучуваат да патуваат и повеќе туристички агенции се организираме за да биде реализирана некоја дестинација. Не можеме да се пофалиме дека секоја туристичка агенција има голем број на туристи. Во голем дел на држави има и вакцинација и пцр тестови, пред неколку денови важење со едно од овие правила сега се бараат и двете и тоа ги предомислува граѓаните. Најголем дел македонски граѓани новата година ќе ја поминат во Турција односно Истанбул зошто таму може да се патува ПЦР тест негативен или со вакцини“, рече Ана Марија Алексова- Туристичко-угостителската комора.

Од туристичките агенции велат дека состојбата е подобра од претходната година, но е многу полоша пред да се појави пандемијата. Во земјите од Европската унија организирањето на забавите на отворено на плоштад за дочек на Новата година се одложија. Протоколите за заштита од Ковид-19  се различни во зависност од какви препораки се применуваат во државите. И кај нас сѐ уште нема одлука од страна на Град Скопје дали на плоштадот ќе се ораганизира новогодишна прослава.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button