ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најголемите приватни клиники изразуваат подготвеност да бидат ставени под државна управа

Приватните клиники подготвени да ги распоредат своите капацитети под управување на Владата. Иако велат дека се спремни да помогнат, сепак велат дека протоколите за работа се нејасни. Сè уште официјално не добиле известување од Владата. Клиниката „Жан Митрев“ се става во функција, но велат дека капацитетот им е преоптоварен. Жан Митрев бара објаснување како ќе се работи.

Advertisements

Клиника Жан Митрев:

„Ја поддржувам иницијативата за ставање во располагање на слободните капацитети. Од почетокот на пандемијата изразивме подготвеност да дадеме 40 кревети за интензивна нега. Ние работиме со полн капацитет, но нашиот персонал е уморен, а некои од нив се во изолација. Во моментов зафатени се 80 кревети, имаме уште 30 пациенти кои чекаат да ги примиме. Како што се ослободуваат на дневна основа, така се пополнуваат.“

Болницата „Аџибадем Систина“ чека известување од Владата. Контактирани од Алсат, од оваа институција велат дека во моментов немаат став за своите постапки бидејќи сè уште не е ништо дефинитивно. Од почетокот на пандемијата, приватните клиники се вклучени во борбата против заразата, но со свои цени, пред сè повисоки и тоа за ПЦР тестовите, лабораториите и за третманот. Во некои клиники цената за ПЦР-тест се движеше од 3- 6 илјади денари, додека за итен тест сумата беше двојно повисока, односно до 12 илјади денари.

Хоспитализацијата чини околу 9.000 денари на ден, вклучително и основниот третман. Секоја друга интервенција достигнува вредности во десетици илјади евра, а праксата покажуваат дека за лекување на пациент заразен со Ковид-19, семејства плаќале до 25 илјади евра. Во земјава има десетици приватни клиники, но Министерството за здравство мора да категоризира која од нив ги исполнува условите да ѝ биде ставена на државата за потребите со справување со пандемијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button