ВЕСТИСВЕТ

Најголемите земји-извознички затаиле против „извозот на корупција, истражување на „Тransparency International“

Спроведувањето на мерките против прекуграничниот поткуп падна на најниско ниво откако организацијата за борба против корупција Транспаренси интернејшнал (ТИ) почна да го прави ова мерење во 2009.

Advertisements

Само две од 47-те најголеми земји извознички во светот енергично спроведуваат чекори против прекуграничниот поткуп, соопшти ТИ.

Во извештајот насловен како „Извоз на корупција“, групата ги оцени напорите на 43 од 44-те потписнички на Конвенцијата за борба против поткуп на ОЕЦД, како и напорите на Кина, Индија, Хонг Конг и Сингапур. Конвенцијата на ОЕЦД за борба против поткупот бара од потписниците да го забранат прекуграничниот поткуп и да спроведат мерки.

Се оценувале напорите на властите да гонат и казнуваат компании што поткупуваат функционери во странски земји од 2018 година до 2021 година.

Надворешниот поткуп предизвикува хаос во земјите ширум светот, незаконски насочувајќи ги јавните пари за приватни профити и купување на влијание во владите од страна на големи мултинационални компании при носење на одлуки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button