СПОРТФУДБАЛ

Најлошиот меч откако е тренер Пеп Гвардиола

Астон Вила синоќа го надигра тимот на Пеп Гвардиола како никој претходно, за шпанскиот стратег тоа беше најлошиот натпревар во неговата тренерска кариера.

Advertisements

Само благодарение на одличното издание на Едерсон, Ман. Сити од Вила Парк не си замина со резултатски тежок пораз. Астон Вила беше доминантна од стартот до крајот и славеше триумф од 1-0. Статистиката вели дека ова беше најлошиот меч во кариерата на Пеп Гвардиола како тренер.

Манчестер Сити имаше само два шута на голот на Астон Вила, тоа е најмалку од еден тим кој досега го водел Гвардиола. Астон Вила кон голот на Сити шутна дури 22 пати, тоа е најмногу од еден тим кој се сретнал против екипа која ја предводел Гвардиола.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button