ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најмала излезност на локалните избори од независноста на државата

Пред вториот круг на локалните избори што треба да се одржат на 31 октомври, претседателот на СДСМ Зоран Заев со писмо до членството апелира за мобилизација и обединување, а лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на здружена опозиција. СДСМ во вториот круг има вкупно 32 кандидати во општините и Град Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ има кандидати во 28 општини. Во главниот град, во вториот круг кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов ќе се бори против независната кандидатка Данела Арсовска.

Според последните податоци на Државната изборна комисија, претседателот Александар Даштевски објави дека излезноста на локалните избори во првиот круг е 51,5 проценти или најмала досега од независноста на државата. Тој ги оцени изборите како успешни во однос на првиот круг и оти се најголемите избори што се спроведени досега.

Податоците објавени на веб-страницата за Локални избори 2021 на ДИК, покажуваат дека најмногу гласови во првиот круг има освоено ВМРО-ДПМНЕ – 285.525, потоа СДСМ – 239.214, па ДУИ – 103.805, АА/А – 55.540, Левица – 50.181, Беса – 25.426 и ЛДП/ДОМ – 24.850.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button