СВЕТ

Најмалку 13 загинати откако руски воен авион се урна во станбен блок

Најмалку 13 лица загинаа откако руски ловец-бомбардер се урна во станбен блок во јужниот руски град Јејск, соопштија властите.

Двајцата пилоти на авионот СУ-34, на тренинг лет, се катапултирале пред леталото да удри во зградата и предизвикале огромен пожар. Меѓу жртвите има и три деца.

Advertisements

Официјалните лица рекоа дека 68 лица биле спасени од пожарот во деветкатницата. Деветнаесет повредени се згрижени по несреќата.

„Според извештајот на пилотите, кои управувале со авионот, причина за падот бил пожар во еден од моторите за време на полетувањето“, соопшти руското министерство за одбрана.

Рускиот пристанишниот град Јејск се наоѓа во близина на воената зона на истокот на Украина,и се користеше како главен полигон за обука на руската поморска авијација.

Рускиот истражен комитет соопшти дека отворил кривично дело и испратил инспектори на местото на настанот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button