
Најмалку 20 лица загинаа изминатите неколку дена откако невреме и поплави, проследени со торнада ги зафати јужните и југозападните делови од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Еј-би-си њуз.
Загина и 9-годишно дете во Кентаки кое, според властире е однесено од поплавите додека одеше кон автобуската станица. Неколку луѓе загинаа и во југозападниот дел на Тенеси откако силно торнадо го проби градот Селмер.
Одделот за управување со вонредни состојби во Арканзас ја потврди првата жртва во државата, каде петгодишно дете е пронајдено во куќа во југозападниот Литл Рок. Оттаму не изјавија други детали за смртта на детето, единствено посочија дека тоа е поврзано „со тековните тешки временски услови во Арканзас“.
Десет жртви на невремето беа пријавени во Тенеси, три во Мисури, две во Кентаки и по една во Индијана и Арканзас.
Предупредувањата за поплави се на сила од вчера наутро од Луизијана до западна Пенсилванија, а денеска предупредувањето беше лиферувано и за северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.
Според Еј-Би-Си Њуз, од вчера во најмалку 10 држави , од Канзас до Охајо, се пријавени над 90 торнада.