СВЕТ

Најмалку 24 лица се загинати во израелски напад врз џамија во Појасот Газа

Најмалку 24 лица се загинати во израелски напад врз џамија во Појасот Газа

Израелските сили велат дека џамијата се користела како команден и контролен центар на Хамас „за планирање и изведување терористички операции против силите на ИД и државата Израел“, и дека презела чекори за да се намали можноста да им се наштети на цивилите.

Advertisements

Цивилната одбрана во Газа денеска соопшти дека најмалку 24 лица загинале од израелскиот напад врз џамијата во Газа. Канцеларијата за медиуми на владата во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека 93 лица се ранети во нападите врз џамијата и училиштето, во близина на болницата „Ал Акса“ во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа, пренесува „Гардијан“.

Израелската војска соопшти дека мета биле борци на палестинската организација Хамас.

Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека има многу ранети пред влезот на болницата „Ал Акса“ во тој град.

Израелските сили велат дека џамијата се користела како команден и контролен центар на Хамас „за планирање и изведување терористички операции против силите на ИД и државата Израел“, и дека презела чекори за да се намали можноста да им се наштети на цивилите.

„Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право“,соопшти ИДФ.

Нападот на џамијата се случил рано утринава, откако Израел вчера го бомбардираше Либан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button