
Најмалку 35 лица загинаа, а 24 лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од тајфунот Јаги во северен Виетнам, соопшти утринава агенцијата за справување со катастрофи.
Шест смртни случаи беа пријавени во провинцијата Куанг Нин.
Владините претставници го оценија тајфунот Јаги како најсилната бура што ја погоди Азија од почетокот на годината.