
Палестинските власти соопштија дека во израелски напад врз преполниот шаторски камп во кој се сместени Палестинците раселени поради војната во Газа, загинале најмалку 40 луѓе, а 60 други биле ранети.
Израел рече дека цели на „значајни“ милитанти на Хамас, наводи кои милитантната група ги негираше.
Ова е еден од најсмртоносните напади досега во Муваси, каде се распространети преполни шаторски кампови долж брегот на Газа што Израел ги одреди како хуманитарна зона каде стотици илјади цивили побараа засолниште од војната меѓу Израел и Хамас.
Цивилната одбрана на Газа соопшти дека нејзините тимови извлекле 40 тела и дека сè уште трагаат по други жртви.
Се вели дека во нападот биле убиени цели семејства во нивните шатори.