ВЕСТИРЕГИОН

Најмалку 57 загинати во несреќата кај Лариса, а 56 се исчезнати – се истражува дали плински боци се причина за експлозијата

Бројот на потврдени лица што загинале во железничката несреќа кај Лариса изнесува 57. Досега се идентификувани 24 од жртвите и нивните тела се предаваат на семејства.

Advertisements

Четириесет и осум патници, пак, се хоспитализирани, а 56 се пријавени за исчезнати во грчката полиција. Спасувачките екипи денеска ќе ја продолжат потрагата, која според националната телевизија ЕРТ се очекува да заврши денеска.

Потрагата и подигање на остатоците од возот траеше до доцна синоќа, а денеска напорите на спасувачите се насочени кон третиот вагон.

Според телевизијата, во рамки на истрагата надлежните ја разгледуваат можноста дали експлозијата во возот што се случи по судирот со товарниот воз е настаната поради плинските боци кои се пронајдени во еден од вагоните.

Железничката несреќа се случи ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март, кога патнички и товарен воз се судија во месноста Темпи кај градот Лариса бидејќи возеле по иста пруга во спротивна насока. Во рамки на истрага беше уапсен свртничарот од станицата во Лариса кој, како што објавија грчките медиуми, ја признал фаталната грешка дека упатил еден од возовите во погрешна пруга.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button