СВЕТ
Најмалку девет лица се повредени, повеќемина заробени во експлозија во рудник во Шпанија

Најмалку девет лица се повредени, а повеќемина се заробени во експлозија во рудник за јаглен во шпанскиот регион Астурија, објави весникот „Ел Мундо“.
Службите за итна помош потврдија дека добиле дојава за експлозија во рудникот Дегана и дека на лице место се две амбулантни возила и три хеликоптери.