СВЕТ

Најмалку двајца загинати и осум исчезнати по уривање на мост во Бразил

Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати откако вчера во Бразил се урна мостот Јуселино Кубичек де Оливеира, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.

Advertisements

Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал откако дел од структурата паднал на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот Метрополис.

“Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне”, изјави министерот за транспорт Ренан Фиљо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button