СВЕТ
Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во невреме во Франција

Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во студеното време што ја погоди северна Франција, соопштија денеска локалните власти.
Едната жртва наводно се лизнала и ја удрила главата во тротоарот, додека другата починала од хипотермија, пренесува БФМ.
Ладно време ја погоди северна Франција во средата, а властите соопштија дека спасувачките екипи се мобилизирани поради сообраќајни несреќи, мраз и поплави.