СВЕТ

Најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во Харкив

Најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во Харкив

Најмалку седум лица, меѓу кои три деца, загинаа во напад со руски дрон врз Харкив, вториот по големина град во Украина, во текот на ноќта, изјави гувернерот на харкиевската област Олех Синјебухов, пренесе Асошиетед прес (АП) на 10 февруари.

Синјебухов изјави дека беспилотното летало Шахед од иранско производство ја погодило цивилната инфраструктура, предизвикувајќи голем пожар во кој биле уништени 15 приватни куќи.

Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека повеќе од 50 луѓе се евакуирани и дека до утрото во саботата, 10 февруари, припадниците на итната служба го локализирале пожарот.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека противвоздушните системи уништиле 23 од 31 ирански беспилотни летала Шахед лансирани од Русија. Беспилотните летала првенствено биле насочени кон североисточниот регион Харкив и јужната провинција Одеса, се вели во соопштението./RSE

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button