Најмногу пари од повикот на Владата доби општина Куманово

Најмногу пари ќе земе општина Куманово, која аплицираше со 3 проекти на повикот, додека Владата ги одобри сите останати и издвои околу 4 милиони евра. Како што соопштија од Владата, за општина Центар е одобрен само еден проект, а тоа е реновирањето на Спортската сала „Работнички“ во вредност од околу 1,5 милиони евра. Од друга страна, од општините со албанско мнозинство, најмногу пари ќе земе општина Чаир, околу 2,7 милиони евра, која аплицираше со 7 проекти на повикот. Следат Гостивар со над 2,6 милиони евра, Струга со над 2,2 и Тетово со над 1,3 милиони евра. Кичево, Врапчиште и Липково ќе добијат по 900 илјади евра, додека Желине над 800 илјади евра. За проектите на Дебар му се доделени близу 700.000 евра, додека на Арачиново, Бервеница и Долнен 600.000 евра.
Општини со албанско мнозинство:
Општина Чаир | 2.7 милиони евра |
Општина Гостивар | 2.6 милиони евра |
Општина Струга | 2.2 милиони евра |
Општина Тетово | 1.3 милиони евра |
Општина Кичево | 900 илјади евра |
Општина Врапчиште | 900 илјади евра |
Општина Липково | 900 илјади евра |
Општина Желино | 800 илјади евра |
Општина Дебар | 700 илјади евра |
Општина Арачиново | 600 илјади евра |
Општина Бервеница | 600 илјади евра |
Општина Долнени | 600 илјади евра |
Унгарските пари се очекува да бидат префрлени овие денови, додека од следната недела ќе бидат потпишани договорите со општините и ќе започне реализацијата на проектите. Парите општините ќе ги добиваат во следниот период на посебни сметки во зависност од процесот на извршување на работите. Постапката ќе ја следи координативно тело составено од шесте министерства преку кои ќе се финансираат проектите. Имено, најголем дел од проектите се за патишта, канализација и водовод.
Суад Бајрами