ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најпрестижниот спортски трофеј стигна во Скопје!

Бразилската легенда Жилберто Силва денеска заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски го открија трофејот на ФИФА во Скопје, кое за првпат е дел од турнејата на пехарот низ светот во пресрет на Мундијалот.

Advertisements

Силва кажа дека му е мило што е во Македонија, каде што сите го сакаат фудбалот и порача дека тоа е инспирација за животот.

„Драго ми е што сум тука во земја каде луѓето го сакаат фудбалот. Фудбалот е инспирација за животот, кој дава надеж, дава верба. Македонија беше многу блиску до Светско, беше на чекор, не се пласира, треба да продолжите да сонувате и со напорна работа да се стремите кон следното СП. Тоа што бевте близи дава надеж и мотивација и инспирација за во иднина“, кажа Силва Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го пречека амбасадорот на ФИФА, легендарниот бразилски фудбалер Жилберто Силва кој го донесе трофејот. „Наместо војни да зборуваме за фудбал, за спорт за нешто што не обединува. Ако се потрудиме заедно ќе успееме во тоа“, изјави Пендаровски. /Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button