ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во Крушево 30 сантиметри.
Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Пожаране и Маврово 23 литри на метар квадратен, потоа во Крушево 20, Демир Капија 16, Струмица и Дебар 13, Скопје – Петровец 12, Тетово и Битола 11, а најмалку во Виница три литри.
Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи претежно од снег. Утрово врнежите се слаби локални, претежно во источните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.