РАКОМЕТСПОРТ

Најважниот натпревар во клупската историја за РК Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид го играат најважниот натпревар во клупската историја, бидејќи ќе го дочекаат АЕК во борбата за трофејот во Европскиот куп на ЕХФ. Скопскиот тим со солидна предност се врати од гостувањето во Атина и сега пред публиката во СЦ „Борис Трајковски“ треба да ја заврши започнатата мисија – да освои прв европски трофеј во историјата.

Advertisements

Мисијата не е завршена бидејќи сега пред македонската публика е потребно на успешен начин да се завери европската сезона. Билетите за натпреварот пламнаа набрзина, па Грците во Скопје ги очекува вистински пекол во борбата за трофејот. Во Атина екипата на Алкалоид одигра врвно, имаше контрола во текот на целиот меч и сосема заслужено дојде до победата.

Младите момчиња на Лазаров извојуваа голем триумф во пеколната атинска атмосфера, а сега се надеваат слично да биде и во Скопје. Трибините во скопската сала ќе бидат полни, мотивацијата е огромна и Алкалоид може да стане трет македонски клуб со европско злато во натпреварувањата на ЕХФ по Кометал Ѓорче Петров и Вардар.

Првиот натпревар во Атина понуди сè, а имаше и неспортски мотиви од трибините. Сега на потег е македонската ракометна публика да се покаже во подобро светло, да биде осми играч на Алкалоид и да се радува на европски трофеј. Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК се игра вечерва во терминот од 20:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button