
Најверните навивачи на скопски Вардар, популарните „Комити“ не се сложуваат со аквизицијата на Гоце Седлоски како нов тренер на клубот. По заминувањето на Срѓан Захариевски челниците на „црвено-црните“ се свртеа кон познато решение и поранешен тренер кој не се раздели со Вардар на најдобар начин.
„Комитите“ не го прифаќаат изборот на Седлоски, па решија преку официјално соопштение да го осудат изборот на управата.
„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки“, напишаа „Комити“.