ЕКОНОМИЈА

Највисока платена сума за солидарен данок 4,2 милиони €, а најниска 640 €

Солидарниот данок во законскиот рок не го платиле 1/3 од фирмите кои се даночни обврзници. Поради тоа до нив на почетокот на ноември ќе биде испратено известување дека ако не си ја завршат обврската ќе следува блокирање на тековните сметки до крајот на месецот. Од Управата за јавни приходи велат дека до понеделникот 96 компании платиле околу 36 милиони евра. Уште 52 други фирми остануваат да го платат данокот. Директорката ан УЈП, Сања Лукаревска соопшти дека меѓу должниците има и јавни претпријатија. Највисоката сума пак, што ја платила само една компанија е 4,2 милиони евра, а најниската 640 евра од мала фирма.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button