
Кошаркарскиот клуб Голден Стејт Вориорс е највредната франшиза во НБА лигата и вредноста на овој бренд се проценува на 9,13 милијарди долари.
Во споменатата сума е вклучен целиот играчки кадар, инфраструктура, недвижнини, како и женската екипа, а со споменатата сума Вориорси се вториот најскап спортски клуб во Соединетите Американски Држави, зад НФЛ гигантот Далас Каубојс, која вреди 10,3 милијарди долари.
Веднаш зад тимот од Сан Франциско е Њујорк Никс, чија вредност е 8,3 милијарди долари, а на о место на листата на највредни клубови во најсилната кошаркарска лига во светот е Лос Анџелес Лејкерс со 8,07 милијарди. Медиумите нагласуваат дека просечната вредност на НБА клубовите е 4,6 милијарди долари, а над таа сума се Бруклин Нетс (5,7), Лос Анџелес Клиперс (5,68), Бостон Селтикс (5,66), Чикаго Булс (5,56 ), Мајами Хит (5) , Хјустон Рокетс (4,77) и Торонто Репторс (4,66).
Она што е особено интересно, од споменатите најбогати клубови, само Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс не ги поседуваат салите во кои ги играат своите натпревари.