ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Намален број на автобуси на некои линии, граѓаните револтирани

„Еден час да се чека 9, ова е срамота“…

Advertisements

Револтот кај граѓаните расте. Тие втор ден се принудени долго да чекаат автобус.

„Деветка чекаме и ова не е во ред во која држава живееме, голем проблем, срамота, главен град на Македонија и толку да се чека автобус е навистина срамота…

„Нема автобуси, ниту наутро, ниту сега, ниту навечер, 57-та ја чекам повеќе од 20 минути“, реагираат граѓаните.

Од Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие ниту денеска не одговорија на прашањето зошто е создаден овој хаос со јавниот превоз. Според нашите информации, причината за намалувањето на приватните линии, 9, 19 и 20, е неисплатата на субвенциите за возачите на овие линии кои беа  принудени да го намалат сообраќајот и до 40%.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button