МАКЕДОНИЈА

Намалена перцепцијата за иселувањето на младите покажуваат истражувањата во публикацијата „Млади, миграции и образование“

Се намалува перцепцијата за иселувањето на младите. Тоа е факт, но се уште сме над регионалниот просек на ниво на Југоисточна Европа, покажаа истражувањата во научната публикација „Млади, миграции и образование“ од авторите Страшко Стојановски, Ана Панева и Кристијан Панев, а која денеска беше промовирана на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.

Advertisements

Универзитетскиот професор, Стојановски вели дека пред десет години беше до 78 проценти, а сега околу 56 % од младите сакаат да се иселат.

-Има тенденција на намалување, но тоа 56% воопшто не е малку и треба да се работи сериозно. Се разбира младите мора да се вклучат во процесот на донесување на одлуки, не само на локално ниво, не само за прашања кои ги тангираат младите, туку за сите прашања, од урбанизам до стратегии, инфраструктура, за се младите треба да бидат прашани, вели Стојановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button