Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла утрово има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и Македонски Брод – Кичево и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.